Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД.
Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД.
Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд Трамп, преговарачите се согласија да ги укинат преостанатите царини за американската индустриска стока и да овозможат подобар пристап на пазарот за американските производи од рибарството и земјоделството.
Во соопштението се наведува дека, за да се обезбеди ефикасно спроведување на договорот и заштита на интересите на ЕУ, е договорен засилен заштитен механизам што ќе овозможи суспендирање на царинските поволности доколку САД го прекршат договорот.
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија во Европскиот парламент, Бернд Ланге, изјави дека „патот бил тежок, но вреден“, додавајќи дека ефектите врз европската економија повторно ќе се разгледуваат до крајот на 2029 година.
Царинскиот договор беше постигнат во август 2025 година меѓу Доналд Трамп и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
Со него беше утврдена горна граница од 15 проценти за повеќето увози од ЕУ во САД, вклучително и автомобили и автоделови.
За возврат, ЕУ се обврза да ги укине царините за американската индустриска стока и да го олесни пристапот на американските земјоделски производи, како свинско месо и млечни производи, на европскиот пазар.
Трамп во меѓувреме ја обвини ЕУ дека не го почитува договорот и најави можност за зголемување на царините за автомобили и камиони увезени од ЕУ на 25 проценти.
Договорот се уште треба формално да биде одобрен на пленарната седница на Европарламентот и од земјите-членки на Европска Унија, што се смета за формалност. Се очекува регулативите да стапат во сила најдоцна до 4 јули.
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
