Македонија
3. September 2026 - 13:21

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја

Полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на 28-годишен битолчанец, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со различни материи и предмети.

Според информациите од МВР, претресот бил извршен на 2 септември во 17:25 часот во домот на С.С.(28) од Битола, врз основа на наредба од Основниот суд Битола.

При претресот полицијата пронашла и одзела 42 пакувања со прашкаста материја, марихуана, дробилки со остатоци од марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против 28-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.