Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.
Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.
Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.
Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.
Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
