Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.
Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.
Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.
Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.
Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
