Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.
Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.
Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.
Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.
Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
