Македонија
5. November 2023 - 16:32
ВМРО-ДПМНЕ: Коалиција со ДУИ по изборите повеќе не е опција
Коалиција со ДУИ нема да има. Потпретседателот на опозицијата ја исклучи можноста неговата партија да коалицира со интегративците по изборите.
Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека криминалот ја исфрла ДУИ од игра за место во новата Влада
Николоски е убеден дека неговата партија ќе направи Влада по изборите и најави победа со 61 пратеник.
Рече дека и покрај мнозинството во собранието, неговата партија ќе се обиде да најде партнер во албанскиот политички кампус каде нескриено ги преферира партиите од опозицискиот блок
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
