Loading Video...
Македонија
2. February 2024 - 16:56
ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план за ЕУ и ќе го презентираме пред изборите
ВМРО-ДПМНЕ има план за интеграција и истиот ќе им го понуди на граѓаните во својата предизборна програма. Опозицијата вели дека го разбира интересот на американската амбасадорка и граѓаните за европската иднина на Македонија.
Ставот на опозицијата доаѓа откако вчера, американската амбасадорка во ТВ интервју рече дека граѓаните пред да гласаат треба да знаат како ВМРО-ДПМНЕ планира да продолжи со македонските интеграции.
Но во СДСМ иако не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство и натаму тврдат дека тоа што тие го договориле е најдобрата опција за македонската интеграција.
А Џафери 2 дена откако беше избран да биде технички премиер, решил да се врати дома во Форино каде беше пречекан без ниту едно македонско знаме.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
