Македонија
3. September 2023 - 16:35

Власта нема 80 пратеници, но премиерот уверен во уставните измени

Премиерот Ковачевски најавува дека нема да фалат пратеници за да се спроведат уставните измени. Без да одговори конкретно дали се преговара со пратеници од опозицијата, за да се обезбеди двотретинско мнозинство, премиерот тврди дека процесот ќе завршел успешно, и ќе се преминело во следната фаза на интеграциите

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на координација веќе го потврди ставот од кој нема да отстапат. Бараат да не се одолговлекува седницата за уставни измени и да не се злоупотребува собраниската процедура. По овинувањата за опструкции во процесот Мицкоски тврди дека власта е со манипулации, невистини и лаги го уништуваат интегративниот процес на Македонија.

Откако европските челници Мишел и Макрон, ги поставија контурите за идно проширување на Унијата, шефот на дипломатијата во колумна пишува дека на Македонија и треба и интеграција во Унијата пред полноправно членство. Според Османи тоа би значело дека за да може една земја кога напредува, веднаш да добие заслужена награда.. Но вели ова не била алтернатива за членство.

Наместо бинарен процес за членство, овој ревидиран пристап им овозможува на државите -кандидати да почнат да ги искусуваат предностите на интеграцијата постепено, врз основа на исполнување на одредени критериуми, но пред да добијат статус на полноправно членство.Оваа транзиција значи дека кандидатите можат да почувствуваат првична корист од економските, социјалните и политичките системи на ЕУ и да придонесуваат во истите пред да се формализира членството. За Западен Балкан, таквиот пристап нуди повеќекратни придобивки, пишува Османи.

Пратениците веќе во вторник се враќаат на работа со прва пленарна седница, но не за гласање на потребата за отворање на Уставот.