Македонија
25. јуни 2023 - 17:03

Власта не се откажува од уставни измени, Ковачевски го повика Мицкоски да превземе одговорност

Никој во опозициската ВМРО-ДПМНЕ не одговара на секојдневните телефонски позиви на вицепремиерот Бојан Маричиќ за тоа дали може да продолжат разговорите за уставни измени и широка влада, се пожали денеска премиерот Ковачевски. Тој вели дека наскоро процесот со уставни измени секако ќе продолжи во Собранието.

Сепак, Ковачевски вели дека време е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да донесе државничка одлука за европската иднина на државата, наместо да нарачува како што рече анкети за неговиот рејтинг.

Премиерот повтори и дека условот на ВМРО-ДПМНЕ за широка влада без ДУИ може да биде исполнет доколку се даде поддршка за уставните измени. Сепак, за барањето за нивно одложено дејство до членство во Унијата, премиерот вели дека е барање надвор од преговарачката рамка со Брисел.