Власта и опозицијата далеку од договор за датум за избори
Власта и опозицијата и натаму се далеку од договор за заеднички датум за претседателските и парламентарните избори. Собранискиот спикер за Џафери денеска уште еднаш ги презентираше законските рокови според кои редовен термин за заеднички избори е оној меѓу 5 и 8 мај.
Доколку партиите не се договoрат, Џафери вели дека законот го обврзува Претседателските избори да ги закаже во периодот меѓу 14 март и 8 мај.
За парламентарните избори вели дека првиот редовен термин е на 5 мај, а последниот на 15 јули. Доколку се донесе одлука изборите да се одржат пред овој термин, тогаш тие ќе се сметаат за предвремени а разликата со редовните е само тоа што се кратат 5 дена од роковникот за спроведување на изборните дејствија.
Џафери вели дека последен рок за партиите да се договорат околу датумот за претседателските избори е крајот на годинава. За парламентарните избори имаат повеќе време. За да се одржат заедно со претседатлеските, Џафери треба да ги распише некаде на почетокот на март, а техничката влада да почне да функционира кон крајот на јануари.
Опозицијата останува на ставот дека изборите треба да се организираат во еден термин. Партискиот лидер уште еднаш му призна на Ковачевски дека е мачо политичар што останал на ставот изборите да бидат редовни. Го повика на договор обвинувајќи го дека е кукавица.
Во СДСМ веќе излегоа со став дека планираат да одржат претседателски избори па два месеци потоа парламентарни. Во СДСМ сметаат дека ќе поминат добро на претседателските а тоа ќе го искористат на парламентарните избори.
Но шансите за успешни претседателски избори се сведени на статистичка грешка. Последните претседателски избори во 2019 беа единствените во последните 15 години што се одржале самостојно. Со силно мотивирани учесници, тогаш на гласање излегоа само нешто над 46% од гласачите. Но од тогаш до денеска во тек е процес на масовно иселување од Македонија и зголемена апатија за што говорат и последните локални избори пред 2 години кога на гласање излегоа историски најниски 49% од гласачите.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
