Македонија
8. January 2024 - 16:34

Владата утре ќе одлучува за М-НАВ - Ќе има разрешувања или ќе се затвори македонското небо

Или директорските фотелји во М-НАВ по месеци натегање најпосле ќе останат празни или ќе се затвори македонското небо.

Владата утре, по најавите на премиерот Ковачевски, ќе треба да расправа за разрешување на раковдството на македонската навигација откако минатата недела 8мина, меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ и актуелен претседател на чаирскиот органок на ДУИ Беким Незири направија инцидент во просториите на контроланата кула на летање. 

Упадот беше последен во серијата настани поврзани со М-НАВ откако Синдикатот во оваа институција со месеци предупредува за партиски вработувања на контролори за летање што ги немаат потребните обуки.

Иако точката на дневен ред се уште е неизвесна, расположението на мнозинството во владиниот кабиент на Ковачевски е раковдството на М-НАВ да биде разрешено. Ова следи откако по барањето на Синдикатот , но и предупредувањето од премиерот директорите не си поднеса оставки.

Пред утрешната владина седница, во кабиентот на Ковачевски преовладува рапсоложението да се резреши раковдството.

Петровска вели дека ваквата одлука е неопходна за да се испрати јасна порака дека нема компромис за безбедноста на патниците и на македонското небо и дека ни една политичка партија не семее да ги користи вработувањата во оваа институција за своја лична агенда.

И министррите од редот на Алијана на Албанците велат дека ќе гласаат за разрешување бидејќи ситуацијата не смее повеќе да ескалира. Иако официјално не одговараат и министрите на ДУИ изразиле подготвеност да гласаат за разрешување. Сепак, дел од министрите се уште се надеваат дека директорите на македонска навигација ќе се предомислат и сепак, сами ќе си заминат од позициите.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на опозицијата за овој случај.

Од Демократски сојуз потсетуваат на претходниот инцидент на Незири во 2010 година, но и на тоа дека нападнатиот во четвртокот се дал во бегство бидејќи наводно бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.

„Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да  им определи притвор. Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан“, велат од партијата на Павле Трајанов.