Владата со демант за набавка на вода за Гостивар: Договорот преку тендер го доби „Кожувчанка“, СДСМ ја манипулира јавноста

Владата денеска излезе со демант во врска со соопштението на СДСМ, во кое опозициската партија тврди дека договорот со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните во Гостивар е склучен со директно договарање, без јавен оглас.
Од Владата нагласуваат дека станува збор за обид за манипулирање на јавноста и дезинформации и дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го добила компанијата „Кожувчанка“.
-Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации. Станува збор за дрски и безобразни лаги. Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда - се нагласува во реакцијата.
Владата потенцира дека останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.
-Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање - нагласуваат од Владата.
Во однос на набавката на флаширана вода, појаснува Владата, точно е дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го добила компанијата „Кожувчанка“.
-Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба - се вели во реакцијата.
Во неа се додава дека фактите се јасни и лесно проверливи, а обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината.
-Пред фактите паѓа секоја манипулација. Апелираме, кога на ниту еден начин не помагаат, барем од СДСМ да престанат безобразно да лажат - додаваат од Владата.
СДСМ претходно преку соопштение истакна дека Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, дека договорот, поради кризата бил склучен со директно договарање, без јавен оглас.
Од опозициската партија велат дека според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
МИА
Ново на Сител
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
