Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација

Владата на Тајван денеска го прогласи островот за „независна“ нација, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во која ја предупреди за евентуална декларација за независност што би можела да предизвика војна со Пекинг.
„Тајван е демократска, суверена и независна нација која не е подредена на Народна Република Кина“, соопшти Министерството за надворешни работи на Тајван, додавајќи дека политиката на Вашингтон останува „непроменета“.
Во телевизиско интервју снимено непосредно пред да замине од Пекинг, во кое кинескиот претседател Шји Џинпинг даде особено остри забелешки за островот, Доналд Трамп вчера го предупреди Тајван да не прогласува независност.
„Не сакам никој да прогласи независност, а потоа, знаете, ќе треба да патуваме 15.000 километри за да одиме во војна“, рече американскиот претседател на „Фокс Њуз“, повикувајќи ги Тајпеј и Пекинг да „ја намалат температурата“.
„Не сакаме никој да каже: „Ајде да прогласиме независност затоа што САД нè поддржуваат“, рече тој, додавајќи дека сè уште не донел одлука за продажба на американско оружје на островот.
„Во врска со продажбата на оружје меѓу Тајван и САД, тоа не е само обврска на САД кон безбедноста на Тајван јасно пропишана со Законот за односи со Тајван, туку и форма на заедничко одвраќање од регионални закани“, истакна Министерството за надворешни работи на Тајван.
Шји Џинпинг во четвртокот издаде невообичаено остро предупредување до Доналд Трамп: „Прашањето со Тајван е најважно во односите меѓу Кина и САД. Ако се справиме правилно со него, односите меѓу двете земји (Кина и САД) можат да останат во голема мера стабилни. Ако се справиме лошо со него, двете земји ќе се судрат.“
Кина го смета Тајван за една од своите провинции, која не успеа да ја обедини со остатокот од својата територија од крајот на Кинеската граѓанска војна во 1949 година. Се залага за мирно решение, но го задржува правото да употреби сила.
MИА
Ново на Сител
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
-

Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
-

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %
-

Поранешниот венецуелански лидер Николас Мадуро затворската ќелија во САД ја дели со уште 18 затвореници
