Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одржа работна средба, на која присуствуваа копретседателите на „Вреди“, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше на темата за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.
Како што соопшти владината прес-служба, било нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија што ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.
- Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава - стои во соопштението од Владата.
Оттука, како што се додава, институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.
МИА
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
