Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп и лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, информираат од Владата во врска со случајот со притворениот возач и нагласуваат дека целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата.
-Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда – се вели во соопштението од Владата.
Од Владата информираат дека на 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.
-Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата – се вели во соопштението од Владата.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информираа дека е отворена истражна постапка против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор, а судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи претходно денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
МИА
Ново на Сител
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
