Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји.
Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, по што следи Грција со 157.
Вкупно 99 европски региони се погодени, додека вирусот е регистриран за прв пат во 21 регион.
Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони.
Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е помеѓу јули и септември.
ECDC повика земјите во Европа да го зајакнат својот капацитет за контрола на комарци, со прекугранична соработка и интегриран пристап што вклучува следење на популациите на комарци, информирање на јавноста и целни мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина.
Вирусот Западен Нил прв пат е идентификуван во 1937 година во регионот Западен Нил во Уганда.
Повеќето инфекции се асимптоматски или благи, а некои од заразените може да добијат симптоми слични на грип, вклучувајќи тремор и треска.
Во тешки случаи, вирусот може да патува низ крвотокот до мозокот и да предизвика менингитис опасен по живот.
Според Светската здравствена организација, не постојат одобрени вакцини за луѓе или специфични третмани за инфекција со вирусот Западен Нил.
Во Македонија годинава се потврдени вкупно 43 случаи на западнонилска треска. Досега се починати четири лица.
МИА
Ново на Сител
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
