Вевчани се најде на мапата 100 зелени светски дестинации
Вевчани на мапата 100 зелени светски дестинации .Развојот на еко туризмот и подигнувањето на свеста за заштитата на природата се клучни за овој епитет.Овој предел е заштитено подрачје во категоријата споменик на природата и значајна туристичка дестинација која привлекува голем број на туристи од целиот свет.
Оваа дестинација беше избрана на натпреварот „Top 100 Green Destinations“ при што се избираа одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот кои ќе бидат инспиративни примери.
Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки, како прва одржлива дестинација , ќе биде модел кој ќе послужи како инспирација и во иднина ќе се преслика на други дестинации низ државата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
