Македонија
18. August 2023 - 12:28

Вевчани е домаќин на 13тиот по ред фестивал Пображеније

Вевчани деновиве пулсира промовирајќи ја народната култура.Со стартот на 13 тиот по ред фестивал,,Пображење” со програмската содржина ,,Народната култура во Вевчани инспирација за младите ликовни уметници” на различни локации творат децата на детското ликовно студио ,,Св.Кирил и Методиј” од Битола,а  бројните посетители уживаат во нивните дела но и во ревијата на народни носии насловена ,,Моштенки” на која се презентирани носии, песни и ора од етничкиот предел Леринско поле. На овогодинешниот фестивал учествуваат ансамбли од нашата земја и од странство.

(И оваа година се потрудивме да обезбедиме содржинска програма на нашиот фестивал, впрочем каква што доликува за Вевчани и секако за нашата држава. Се трудиме фестивалот да си ја задржи својата автентичност, разноликост и посебност при што во иднина уште повеќе ќа работиме во таа насока. Не радува што интересот за учество на овој фестивал од година во година е се поголем,)– вели Тошо Чочороски, директор на фестивалот.

Фестивалот ,,Пображење”  покрај презентација и развој на народната култура има за цел да ги поттикне нашите македонски фолклорни друштва да истражуваат и презентираат што повеќе изворен традиционален фолклор, при што доделува плакета ,,Чувари на изворната традиција” на оној ансамбал кој најдобро ќе презентира на фестивалот ваков тип на фолклор.

Фестивалот завршува на 19 Август на големиот празник Преображение Христово со концерт на Ансамблот ,,Македонија” до Скопје со почеток во 20,30 часот на анфитеатарот ,,Успение на Пресвета Богородица” во центарот на Вевчани.