Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк

Венецуелската влада и опозицијата во државата се пред постигнување договор за префрлање на златните резерви на централната банка, во вредност од околу 4 милијарди долари, од Банката на Англија до Федералната резервна банка на Њујорк, објави „Фајненшл тајмс“.
Договорот предвидува привремената влада предводена од Делсеа Родригез да добие законска контрола врз златото, но не и право да ги продава резервите, според четири лица запознаени со преговорите. Наместо тоа, златото би можело да се користи за владин заем за финансирање на трошоците, вклучително и обновата по разорните двојни земјотреси во јуни.
Потенцијалниот договор за златните резерви е еден од првите конкретни резултати од преговарачкиот процес поддржан од САД меѓу привремената влада и опозицијата.
Доколку договорот биде финализиран, тој ќе го заврши седумгодишниот спор околу златните резерви, што почна во 2019 година, кога САД, Велика Британија и некои други влади го признаа опозицискиот политичар Хуан Гваидо, тогашен претседател на Националното собрание, за легитимен претседател на земјата.
Опозицијата тврди дека има контрола врз златото, што венецуелската централна банка го чува во трезорите на Банката на Англија. Во одреден момент, правниот спор стигна до Врховниот суд на Велика Британија, наведува „Фајненшл тајмс“. Договорот се уште не е финализиран и процесот на разјаснување на техничките детали може да потрае некое време, велат изворите.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
