Велика Британија ќе испрати дополнителни 400 војници во Естонија за зајакнување на источното крило на НАТО

Велика Британија од следната година ќе го зголеми своето воено присуство во Естонија со дополнителни 400 војници, согласно новото одбранбено партнерство со балтичката земја.
Со таквата одлука, бројот британски војници во Естонија ќе се зголеми од 800 на 1.200, почнувајќи од април идната година, а целта е зајакнување на источното крило на НАТО и зголемување на способноста за одвраќање на потенцијални закани.
„Го зајакнуваме нашето присуство во Естонија за да ја заштитиме територијата на НАТО и да ја одвратиме руската агресија“, изјави британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис.
Договорот, потпишан во Талин со естонскиот министер за одбрана Хано Певкур, предвидува трансформација на британската борбена група во помобилна противтенковска формација, опремена со модерно оружје, мобилни возила и напредни беспилотни системи.
Според Џарвис, промените ги одразуваат „реалностите на современото војување“ и претставуваат прилагодување на британските сили кон новите безбедносни предизвици.
Певкур оцени дека однапред распоредувањето опрема и муниција ќе овозможи значително побрза реакција во случај на криза. Двете земји договорија и поголема соработка во развојот на нови воени технологии.
Британски војници се присутни во Естонија од 2016 година, како дел од мисијата „Cabrit“ во рамките на обврските на НАТО.
МИА
Ново на Сител
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
-

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години
-

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
