-->
-->
Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-->
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер најави дека владата ќе воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години.
Тоа претставува една од најстрогите мерки во областа на заштита на малолетниците во дигиталниот простор.
Стармер денеска истакна дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата и оти пласираните содржини често носат ризици од зависност.
Тој нагласи дека одредени платформи за игри ќе бидат ослободени од забраната, но и тие ќе мора да воведат построги механизми за заштита на малолетници, особено во однос на комуникацијата со непознати лица.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
