Loading Video...
Кошарка
22. May 2021 - 17:54
Вечерва започнува плејофот во НБА лигата
Екипата на Мемфис е последниот патник во НБА плејофот.
Во натпреварот што решаваше која екипа ќе го освои 8.место во Западната конференција, Мемфис дури по продолжението го победи Голден Стејт со 117-112 и се пласира во разигрувањето.
Јунакот на „Гизлис“ беше Морант беше кој во финишот поентира два напади по ред, а натпреварот заврши со 35 поени.
39-те поени Стеф Кари не беа доволни Голден Стејт да мине во следната рунда, во која Мемфис за противник ќе го има првопласираниот тим на Западот, Јута „Џез“.
Плејофот започнува вечерва (20 часот) со натпреварот меѓу Милвоки и Мајами, а од 22.30 часот ќе играат ЛА Лејкерс и Далас.
Во текот на ноќта закажани се средбите, Бруклин – Бостон (2 часот по полноќ) и Денвер – Потрланд (04:30).
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
