Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде

Сите кои купиле влезница за концертот на Дејвид Гета (David Guetta), кој ќе се одржи на 8 септември во Скопје по повод 35 години независност, ќе мора претходно да ја заменат за специјална нараквица. Без исправна нараквица нема да биде дозволен влез на концертот.
Организаторите информираат дека одлуката е донесена во координација со Министерството за внатрешни работи, со цел да се обезбеди побезбеден и поефикасен протокол за влез на „David Guetta: The Monolith Show“.
Замената на влезниците за нараквици ќе се врши во Градски парк – Вембли во Скопје, во специјално поставени куќарки, од 4 до 7 септември.
На 4 септември замената ќе биде можна од 16 до 20 часот, додека на 5, 6 и 7 септември пунктовите ќе работат од 12 до 20 часот.
Посетителите задолжително треба да ја понесат купената влезница, во физичка или електронска форма, како и лична карта или друг документ за идентификација.
Нараквицата ќе биде ставена директно на раката на лицето кое ќе присуствува на концертот и не може да ја подигне друго лице. Таа мора да се чува до концертот и не смее да се отстранува, оштетува или модифицира. Доколку биде оштетена или отстранета, нема да се издава нова и нема да биде дозволен влез.
Организаторите нагласуваат дека на 8 септември единствен начин за влез ќе биде исправната нараквица на раката, односно самата влезница нема да биде доволна.
По замената, оригиналната влезница ќе биде блокирана и нема да може повторно да се искористи. Исклучок се посетителите со влезници за нумерирани трибини, кои треба да ги зачуваат и по добивањето на нараквицата за да го пронајдат своето резервирано место.
Ново на Сител
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
