Ватутин: Враќањето на руските клубови во Евролигата е научна фантастика

Претседателот на кошаркарскиот клуб ЦСКА, Андреј Ватутин, оцени денеска дека учеството на руските тимови во Евролигата во овој момент е во доменот на „научна фантастика“.
Клубовите од Русија беа исфрлени од елитното европско клупско кошаркарско натпреварување по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
„Во овој момент учеството на руските тимови во Евролигата е во доменот на научна фантастика. Тоа е чиста фантазија. Дури по завршувањето на војната можат да се создадат услови да се разговара на таа тема. Сите мои колеги во Европа се тажни поради тоа што руските клубови не играат во Европа“, изјави Ватутин за ТВ Меч.
Првиот човек на московска ЦСКА посочи дека руската страна е во постојан контакт со раководството на Евролигата.
„Ние ќе продолжиме да одржуваме контакти со Евролигата како акционери во оваа организација. Ние сме во постојана комуникација и многу ни е важно да се вратиме веднаш штом се создадат услови за тоа“, рече Ватутин.
Ново на Сител
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
