Loading Video...
Ракомет
1. February 2021 - 15:50
Вардарци вечерва домаќини на Нексе во дуел од СЕХА лигата
Ракометарите на Вардар вечерва ќе го одиграат вториот натпревар во регионалната СЕХА лига. Вардарци го пречекуваат хрватскиот тим Нексе во меч од 2.коло на Б групата.
Убедливата победата над Војводина во воведното коло е мотив повеќе за црвено-црните пред кои претстои згуснат распоред на натпревари, како во регионалното натпреварување така и во Лигата на шампионите.
Иако на вечерашниот меч гостите од Нашице ќе бидат без досегашниот тренер Хрвоје Хорват, кој е назначен за нов селектор на Хрватска, сепак најавуваат дека ќе се обидат повторно да го изненадат Вардар, како што тоа беше случај во ланскиот четвртфинален меч во Скопје, кој вардарци го загубија со гол разлика.
Дуелот меѓу Вардар и Нексе што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
