Loading Video...
Ракомет
4. February 2021 - 16:01
Вардарци гостуваат кај Порто во меч од Лигата на шампионите
Ракометарите на Вардар вечерва ги продолжуваат настапите во елитната Лига на шампиони
По повеќе од два месеци пауза ракометарите на Вардар вечерва во Португалија во мечот против Порто ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на шампоните.
Црвено-црните кои во меѓувреме одиграа два натпревари во регионалната СЕХАС лига, на вечерашниот меч ќе бидат во комплетен состав. Тренерот Стефче Алушовски ќе може да смета на 18 ракометари меѓу кои е и најновото засилување на бековската позиција Васко Шеваљевиќ,.
И вечерашниот мече се очекува да донесе голема неизвесност како што тоа впрочем беше и случај на дуело во октомври месец одигран во Скопје кој заврши без победни 25-25.
Вардарци во овој натпревар влегуваат од последната позиција на табелата во Б групата, конкуренција во која имаа најмал број на одиграни натпревари, а на петте средби забележаа само една победа и еден нерешен резултат.
Порто пак со по две победи и нерешени средби, но и пораз повеќе од Вардар (4) е на петото место на табелата.
Дуелот во Португалија ќе започне од 20:45 часот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
