Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа.
Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со 34-25, а во реваншот претрпе пораз од 37-33 (17-17).
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Милан Лазаревски со седум погодоци, а еден помалку постигнаа Томислав Јагуриновски и Стефан Петриќ.
Со елиминацијата на Вардар 1961, единствен македонски претставник во групната фаза во Лига Европа ќе биде вицешампионот Алкалоид. Тимот предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров ќе игра во групата Ф против Силкеборг, Ла Риоха и Војводина.
Натпреварите од групната фаза ќе стартуваат во октомври.
Ново на Сител
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
-

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјава
-

Иран го разгледува американскиот предлог додека Трамп вели дека војната ќе заврши „брзо“
-

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе
-

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епстин
-

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
