Ванковска и Јакимовски се поблиску до влез во претседателската трка
Професорката Ванковска ги собира последните 900 потиси за и официјално да влезе во претседателската трка. Според последните информации објавени од ДИК за Ванковска заклучно со 20 часот вчера се потпишале 9085 граѓани. Веднаш зад неа е градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски со собрани 7994 потиси иако тој преку социјалните мрежи објави дека веќе има нешто над 8000.
Сосема извесно е дека Ванковска и Јакимовски се следни кои ќе им се придружат на гласачкото ливче на Таравари, Османи и Димитриевски кои веќе обезбедија влез во трката за претседател.
Пендаровски како кандидат на СДСМ и професорката Силјановска на ВМРО-ДПМНЕ пак ги чекаат партиските конгреси кои ќе се одржат викендов за од понеделник да стартуваат со собирање граѓански потписи.
Извршниот одбор на СДСМ пак по сите анализи и мерења на јавното мислење вчеравечер и официјално ја даде поддршката за Пендровски. Преку писмено соопштение порачаа дека тој е победнички кандидат, близок до народот и со јасна визија за европската иднина на државата.
Според ВМРО-ДПМНЕ Пендаровски нема кредибилитет за нов мандат.
Дали личниот став на Пендаровски, кој исто како и останатите политички чинители во државата ги гледа анкетите, но и знае колкава штета имаат направено тој и СДС е да не се кандидира? И дали се кандидира под присила на Ковачевски, Маричиќ и Зечевиќ затоа што никој друг во СДС не сака да го носи поразот на грб, па ниту Оливер Спасовски, кој до последен момент мереше дали има математика за влегување во трка?
Стево Пендаровски како претседател се покажа исклучително слаб, често демантиран од своите соработници, владата или од самиот себе по неколку часа или неколку дена.
ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните, возврати Пендаорвски.
ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет.
Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.
Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, напиша Пендаровски.
На иста линија се и од СДСМ кои преку писмено соопштение порачаа дека опозицијата е исплашена заради рејтингот и високата доверба која Пендаорвски ја има меѓу граѓаните
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
