Loading Video...
Фудбал
15. March 2021 - 16:01

Утре и задутре ќе ги дознаеме сите четвртфиналисти во ЛШ

Во наредните два дена актуелни ќе бидат реванш осминафиналните дуели во Лигата на шампионите по кои ќе ги дознаеме преостаните четири екипи кои ќе играат во следната рунда

Четирите тима кои ќе бидат домаќини на реванш осминафиналните натпревари закажани за утре и задутре ќе имаат и предност во дулите со своите противници, која ја стекнаа на првите натпревари. 

Така утре на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид, Реал ќе започне со предност над италијанската Аталанта со 1:0. 

Манчестер Сити во Букурешт ќе биде домаќин на Борусија Менхенгладбах екипа која на првиот меч во Германија полуларните „граѓани“ ја победија со 2:0. 

Двата натпревари ќе започнат во 21 часот, термин во кој за во среда закажани се реванд натпреварите меѓу Челзи и Атлетико Мадри во кој „ситете„ од Лондон ќе стартуваат со 1:0, како и дуелот во Минхен во кој актуелниот европски првак Баерн само формално треба да го потврди пласманот во следната рунда бидејќи на првиот меч во Рим го победи Лацио со 4:1. 

Инаку пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување веќе обезбедија Порто, Борусија Дортмунд, Ливерпул и П.С.Ж. .