Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
Кик бокс Маи таи федерацијата успешно го заврши националното првенство кое се одржа на 09.02.2025 каде и овој пат се покажа дека е најмасовна наша федерација и национален спорт бр.1 во Македонија.
Учевство земаа 29 наши клубови ширум нашата земја со 378 натпреваруваци во вкупно 458 дисциплини од кои 366 мажи и 92 жени.
- Најдобрите наши кикбоксери шампиони го потврдија својот квалитет. Нашата федерација е во постојан пораст имаме огромен напредок на голем број борци. Многу од нив на ова национално првенство покажаа одличен квалитет и подготвеност. Ни претстои уште многу работа и учества на многу турнири надвор од нашата земја да ги подготвиме за пливање во меѓународните спортски води. Нашите учества на меѓународните првенства непосредно зависат од подршката и средствата добиени од нашето Министерството за спорт. Јас искрено се надевам дека Министерството за спорт оваа година ќе биде објективно и ќе помогне да ги добиеме потребните средства како и во изминатите години кога беше агенција за спорт како би можеле да ги реализираме нашите зацртани цели и очекувања на меѓународно поле предвидени во оваа година. Со години наназад секогаш сме ги оправдувале добиените средства и никогаш не сме разочарале со постигнати резултати. Ветувам дека оваа година ќе го потврдиме или си го надминеме успехот од минатата година што го постигнавме кога бевме најуспешна и најтрофејна федерација во нашата земја со донесени од официјалните мешународни првенства: две злата и едно сребро од светско јуниорско, едно злато и бронза од европско сениорско и 9 злата, 12 сребра и 11 бронзи од балканско сениорско јуниорско. На сите овие резултати од страна на Министерството за спорт недобивме можност за прием и без објаснување не бевме вреднувани соодветно според заслуженото за постигнатиот успех како најуспешна федерација во нашата земја. Нашата федерација е во постојан раст и секогаш има прилив на нови членови со кои членови сите ние тренерите работиме на подготовките да извадиме нови шампиони кои ќе ја претставуваат Македонија во меѓународни спортски води. Ние кога че излеземе на борилиштата не се задоволуваме со учеството и добро прикажаните борби туку само со победи кои победи водат до злато и до врвот. Меѓународните натпревари се еден вид спортска војна помеѓу земјите каде во вистинска смисла на војна земјите кои ги испраќаат своите војници во таа војна ги снабдуваат со потребно оружје, механизација, логистика, мотивација итн. а во спортот земјите своите спортисти на спортски настан ги испраќаат обезбедувајќи ги со соодветна спортска опрема боксерски ракавици, штитници за нозе, штитник за заби, кациги и патнички и сместувачки стредства поврзани за учествување на тие настани да тие спортисти бидат таму присутни и дополнително мотивирани да својата земја ја прикажат во најдобро светло постигнувајки врвни резултати и победи. Преку интонациите на државната химна се промовира здравата нација и спортската моќ на една земја. Бројката на кандидати во нашата репрезентација расте и оваа година можам слободно да ветам повеќе злата од престојните европски и светски првенства кои ни предстојат годинава. Кик боксот и оваа година ќе биде најуспешен национслен спорт, кажа претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко.


















Ново на Сител
-

„Вашингтон пост“: Трамп планира градежни проекти во Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари
-

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
-

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
-

Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
