Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова

Македонските кикбоксери продолжуваат со настапите на Светското првенство во Лидо ди Јесоло, Италија, а денешниот натпреварувачки ден донесе нови победи, обезбедени медали, но и реакции од македонскиот табор поради судиска одлука.


Петар Лозановски забележа победа и со тоа обезбеди најмалку бронзен медал. До бронза стигна и Глигор Николов, кој ја продолжи успешната серија на шампионатот, додека уште еден медал за Македонија обезбеди и Калин Бабоски.
Победа забележа и Драгица Глигорова.


Светската шампионка Марија Димовска, која се врати на натпреварувањата по пауза поради оперативен зафат, денеска го заврши настапот во квалификациите. Според претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, Димовска во текот на борбата добила и еден минус поен.
Сергеј Ушлинковски ја загуби својата борба, а пораз запиша и Марко Баснарков, чиј меч бил прекинат по повреда на коленото. Според Митровски, противникот при пад завршил врз Баснарков и му го повредил коленото, по што македонскиот натпреварувач не можел да ја продолжи борбата и бил однесен на дополнителни снимања.


Од македонскиот табор упатија сериозни забелешки и за борбата на Антонија Тасева против натпреварувачка од Канада.
Митровски тврди дека канадската натпреварувачка немала соодветна опрема со потребната ознака и дека, според правилата, имала две минути за да ја комплетира опремата, по што требало да следува дисквалификација.
„Поминаа четири минути, а на канадската натпреварувачка сепак повторно ѝ беше дозволен настап. Протестиравме и приговаравме до повисоките органи на организацијата, но безуспешно, иако ни признаа дека станува збор за судиска грешка“, изјави Митровски.


Тој посочи дека на македонски натпреварувачи на претходни првенства во два наврати им била изречена дисквалификација поради проблеми со опремата и пречекорување на дозволеното време.

„Нашата борба не е само во рингот. Се бориме и со финансиите за да стигнеме до првенствата, со односот на институциите, а понекогаш и со судиските одлуки на самите натпреварувања“, вели Митровски.
Ново на Сител
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
