Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени.
- По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација.
- Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Нагласуваат дека ја разбираат загриженоста на јавноста кога станува збор за безбедноста на онколошките пациенти и здравствените работници.
- Токму затоа сметаме дека во вакви ситуации е особено важно информациите да бидат точни, проверени и презентирани без непотребно ширење страв кај пациентите и нивните семејства. Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Како превентивна мерка, апаратите за радиотерапија беа привремено исклучени, а по санирањето на протекувањето беа извршени чистење, дезинфекција и дополнителни проверки од овластени лица. Не беше утврден дефект на апаратите, по што радиотерапевтските третмани продолжија кај пациентите. Во однос на просторијата каде што се сместуваат пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод, пациентите беа навремено и безбедно преместени во друга соодветна просторија во рамки на Клиниката. Во координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните мерења и проверки, при што не беше утврдена радиоактивна контаминација. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање. Клиниката постапи согласно предвидените безбедносни процедури и во координација со надлежните институции, се прецизира во соопштението.
Ги отфрламе, се додава, сите наводи кои создаваат впечаток дека пациентите биле оставени во небезбедни услови или дека постоела неконтролирана радијациска опасност.
- Во вакви чувствителни ситуации, особено кога станува збор за тешко болни и имунокомпромитирани пациенти, потребна е одговорност во јавната комуникација, а не дополнително вознемирување на пациентите и нивните семејства. Клиниката останува целосно отворена за соработка со сите надлежни институции и за транспарентно информирање на јавноста, врз основа на факти, стручни проверки и официјални мерења, се потенцира во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
-

МВР: Пронајдени 10 лица - мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија
-

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
