Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 го продолжи денеска договорот со украинскиот интернационалец Дмитро Горига.
Како што е соопштено, двете страни се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
„Горига сезонава покажа дека неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојалноста кон клубот секогаш биле очигледни, и не се штедеше тоа да го покаже и на терен“, посочи Вардар 1961.
Продолжувањето на соработката со Горига е во рамки на плановите на клупското раководство за создавање квалитетен и конкурентен тим за следните сезони.
„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“, изјави за клупскиот сајт оперативниот директор на РК Вардар 1961, Андрија Нунев.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
