Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија

Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи.
Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како резултат на напади врз енергетската инфраструктура, пишува „Киев индипендент“ (The Kyiv Independent).
Украина редовно извршува напади врз воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии во обид да ја намали способноста на Москва да ја продолжи војната.
Украинската служба за безбедност (СБУ) објави на 3 јули дека нападнала две руски воени воздухопловни бази во окупираниот Крим во текот на ноќта. Најмалку седум воени авиони беа оштетени или уништени во нападот.
Според СБУ, украинските беспилотни летала погодија седум хангари во воздухопловната база Саки, каде што Русија чува борбени авиони Су-30СМ и Су-30 и бомбардери Су-24. Службата објави дека најмалку седум авиони биле уништени или оштетени во нападот.
Командантот на украинските сили за беспилотни системи (USF), Роберт „Маѓар“ Бровди, на 2 јули извести дека неговите сили за време на 48-часовната операција на 1 и 2 јули нападнале 12 трафостаници и една станица за дистрибуција на гас на териториите окупирани од Русија.
Киев ги смета таквите енергетски објекти за легитимни воени цели бидејќи тие овозможуваат воени напори на Русија против Украина
Ново на Сител
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
