Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење

Врховниот суд ги укина правосилните пресуди против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за кои му беше изречена затворска казна и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.
Како што соопшти Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември годинава, Советот за казниви дела донел пресуда со која е уважено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од Јакимовски преку неговиот бранител Виктор Цветковски, адвокат од Куманово.
Со одлуката се укинува пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.
-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување - стои во соопштението од Врховен.
Поранешниот градоначалник на Карпош, Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош, откако Апелацискиот суд ја потврди пресудата во овој дел, додека обвинението за злоупотреба на службената положба го врати на повторно судење.
МИА
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
