УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени

Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес - 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар квадратен е регистриран во Прилеп и Берово.
Од УХМР посочуваат дека поради локалниот карактер на врнежите, количината на воден талог може значително да варира, па на одделни места да биде и многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и на места ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Максималната дневна температура ќе се движи од 27 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
