Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило.
По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен премин Деве Баир управувал патничко возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
