Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол.
Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека еден возач во Охрид управувал возило со активна забрана и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
