Уапсени дрвокрадци од струшко
Дрвокрадците во струшко не запираат. Нелегалната сеча сериозно ја загрозува Јабланица таму секојдневно се пустоши шумата. Полицијата фатила 9мина дрвокрадци кои натоварени на коњи дрвата ги транспортирале на камиони и други товарни возила сакајќи да ја преминат границата на Ќафасан а извршени биле 109 контроли на шумските појаси и оние локации каде најчесто ги има ваквите нелегални дејствија.
Мештаните од околните села под планината Јабланица сведочат дека цели предели се оголени од нелегалната сеча и стравуваат од свлечишта и секнување на изворите од кои се снабдуваат со вода .
Од СВР велат дека засилените контроли во охридско струшкиот регион против нелегалната сеча, и пустошењето на шумите продолжуваат и во наредниот период и најавија дека против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
