Македонија
22. May 2026 - 14:11

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили

Полициски службеници од СВР Велес, вчера вечер во 01:00 часот по полноќ го лишиле од слобода 31-годишниот П.Н. од Велес.

Tој од полицијата бил затекнат како врши оштетување на возила, при што оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес.

При превземање мерки било констатирано е дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,47 промили алкохол во крвта, информираат денеска од СВР Велес.

 

Ново на Сител