Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80

На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч.
По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од слобода а возилото кое го управувал марка "мерцедес" со тетовски регистарски ознаки е одземено за понатамошна постапка. Против возачот Л.М. од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
