Турски пекари месат леб по рецепт од пред 5.000 години
Археолозите во Турција пронајдоа леб стар 5.000 години во Турција, по што околните пекари почнаа да го месат. Како што објави „Ал Арабија“, ова откритие предизвика интерес за повторно одгледување на оние древни сорти пченица коишто се подобро прилагодени на сушата.
Анализата покажа дека лебот бил направен од крупно мелена мешавина од посебна древна сорта пченица, булгур (сушена пченица) и зрна од леќа, а како квасец се користел лист од засега неидентификувано растение. Круглиот леб, рамен и тенок, и широк 12 сантиметри, е пронајден близу градот Ескишехир, во средишна Турција, во септември 2024 година. Како што пишува „Туркије тудеј“, бил карбонизиран и закопан под прагот на куќа од бронзеното време – околу 3.300 г. п.н.е. Археолозите веруваат дека лебот, со едно откорнато парче, е закопан при изградба на куќа, како дел од обред – за да се нагласи изобилството.
– Ова е најстариот леб со квасец откриен за време на ископувањата, којшто во голема мера го зачувал својот облик, вели Мурат Тиртеки – археолог и водач на ископувањата. – Цел леб е редок наод при ископувањата. Обично се наоѓаат само трошки, но тука е сочуван бидејќи бил спален и потрупан, додаде научникот.
Во блиската пекара „Халк Екмек“ од минатата недела се месат векни по тој рецепт од бронзената доба. Градот Ескишехир, со област – некогаш богата, со извори на вода, сега се соочува со суша. Поттикнати од сѐ тоа, околните жители се обидуваат да го оживеат одгледувањето на оваа древна сорта пченица, отпорна на суша и болести.
– Се соочуваме со климатска криза, но сè уште одгледуваме пченка и сончоглед за коишто е потребна многу вода. Нашите предци ни одржаа лекција. И ние, како и тие, треба да се свртиме кон култури за коишто е потребна помалку вода, рече градоначалничката Ајше Унлуџе.
Комбинацијата од древната разновидност дава богат леб со малку глутен и без конзерванси. Векната обично тежи 300 грама. Лебот чини 50 турски лири (околу 1,12 евра), и е доста баран и продаван.
Векната од бронзеното време, инаку, од минатата недела е изложена во Археолошкиот музеј на Ескишехир.
Ново на Сител
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
