Македонија
20. August 2023 - 16:32

Туристичките работници од Охрид очекуваат сезоната да продолжи до крајот на октомври

Туристичката сезона во Охрид сеуште е во полн ек.Туристичките работници и хотелиерите очекуваат исполнетост од околу 80 проценти до крајот на месец октомври,продолжени се летовите на тур операторите од  Британија,Полска и Холандија а најави има и за балканските тури кои на неколку дена остануваат во нашата земја.

Добрите познавачи очекуваат и продолжување на сезоанта ,голем е бројот на странските туристи кои сакаат да одмараат на брегот на езерото вон сезона

Инаку според статистичките податоци во периодот јануари – јуни , во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 46.8 %.