Туриситичките експерти бараат побогата културна програма во Охрид и надвор од летниот период
Туристичката понуда во Охрид мора да се збогати со дополнителни содржини и културни настани со цел проширување на сезоната надвор од летниот период кога градот го посетуваат најголем број гости.
Добрите познавачи сметаат дека не треба настаните да се одржуваат само во шпицот на сезоната потребна е разновидна програма за да има интерес во подолг временски период.
Угостителите велат дека во рестораните ,кафетериите и ноќните клубови има забави секој ден во летната сезона но се нудат свирки и во текот на целата година .
Туристичките експерти посочуваат дека преку најразлични дополнителни активности како што е планинарење, риболов, скијање, тури за посета на интересни места во околината кои би се продавале и вон главната сезона но и организирање на повеќе концерти и манифестации би се привлекле туристите во текот на целата година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
