Тухел: Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал

Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, изјави дека играчот од средниот ред Џуд Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал.
Играчот на Реал Мадрид веќе има 41 настап за Англија, постигнувајќи шест голови. Во петокот, тој асистираше за првиот гол на „трите лава“ во победата од 2-0 над Албанија на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Во понеделник, Англија е домаќин на Летонија.
-Џуд е секогаш подготвен да даде се за националниот тим, но и ние мораме да му помогнеме. Нашата игра мора да биде таква што тој може да има влијание, но и да ја зачува својата енергија. Тој е еден од лидерите на нашиот тим и мораме да се погрижиме сите да се движиме во иста насока за да можеме полесно да си помагаме еден на друг. Ова вклучува и подисциплинирана игра, поекономична, да има енергија за одлучувачките моменти. Тој е многу емотивен играч. Секогаш разговара со судиите. Кога е на теренот гледате дека мрази да губи. Затоа го прави сето ова, изјави селекторот на Англија.
Ново на Сител
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
-

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
