Трошоците за живот и натаму растат
Трошоците за живот во мај зголемени за речиси 1 процент. Според Државниот завод за статистика во споредба со претходниот месец најголем раст бележат цените на хотелите и рестораните за 3,1%, рекреација и култура за 2.1 %, цените на транспортот се зголемени за близу 2 %, облеката и обувки за 1.5, а храната и пијалаците за 0.7отсто .
Пад на цените е забележано само во групата комуникации од 0,3%.
За една година трошоците за живот се повисоки за 4,5%, а цените на мало за речиси 6%.
Според економистите благиот раст на цените за живот е резултат на замзнатите цени, мерка со која власта очекуваше пад, а не минимален раст на инфлацијата.
Стабилизација на цените професорот Бауш очекува во последниот квартал од годината.
Постојано расте и минималната кошничка. Според последните пресметки на синдикатот во април на едно четиричлено семејство за да го преживее месецот му биле потребни 1000 евра или 1.200 денари повеќе во споредба со март.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
