Loading Video...
Кошарка
11. December 2020 - 7:33
Три победи на домаќните две на гостите во натпреварите од 13 коло на Евролигата
На петте одиграни натпревари од 13.коло во Евролигата три победи остварија домашните, а две гостинските екипи.
Најубелдливиот трумф го за забележаа кошаркарите на Алба кои во Берлин го совладаа Фенербахче со 89-63.
Реал во Мадрид славеше над Зенит со 79-72, а Валенсија беше подобра од Анадолу Ефес со 76-74.
Гостински победи остварија Олимпијакос во Белград против Црвена Звезда со 81-79 и Макаби кој со 67-63 ја совлада шпанската Басконија.
Денеска на програмата се преостанатите натпревари од оваа рунда, а во нив ќе играат: Химки – ЦСКА, Панатинаикос – Жалгирис, Баерн – Лион Вилербан и во последниот меч лидерот на табелата Барселона е домаќин на Армани Милано.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
