Македонија
2. September 2023 - 16:31

Три лица се удавија оваа летна сезона во Охридското Езеро - концесионерите не го испочитуваа законот за задолжителни спасувачи

Спасителите на вода и ова лето со полни раце работа но не само на безбедните капалишта туку и на оние плажи каде не биле ангажирани. Од 14 интервенции на давеници 9 биле на „Свети Наум“ плажата каде нема спасители и беше пројнајден и давеникот странски државјанин. Сезонава во Охридското Езеро регистрирани се тројца давеници и тоа најчесто со здравствени проблеми и сите надвор од безбедните плажи.

Концесионерите не ја испочитуваа законската обврска, а инспекторите не презедоа никакви мерки.

И ова лето 26 плажи на брегот на Охридското Езеро останаа небезбедни и необележани.

Статистиката говори дека од 2005 година спасителите на вода на оние места каде интервенирале нa плажите каде биле ангажирани немало ниту еден давеник сите оние давеници кои биле со фатален исход се на небезбедните капалишта.