-->
-->
Трансродна жена открива неверојатни детали од својот живот - „ме силуваа 2000 пати„
-->
Трансродна жена открила дека е силувана повеќе од 2.000 пати додека била зад решетки во машки одел на затвор во Квинсленд.Жената позната под името Мери, кажала детали од стравичното мачење кое го преживеала во овој затвор.
Таа минала 4 години во затвор поради кражба на автомобил, а казната била вистински "пекол на земјата", според нејзините зборови.
- Ме силуваа и ме уништија до момент да знам дека тоа го правам за да преживеам, но мојот опстанок и преживување за другите беше задоволство - рекла Мери.
Кога стигнала во затворот била приморана да се соблече пред сите, па така сите затвореници го знаеле нејзиниот пол. Се обидела да избега од затворот три пати за да го избегне ова злоставување но неуспешно.
- Ние сме човечки суштества, многумина од нас се вака родени и само сакаме да ги живееме нашите животи, но општеството не не прифаќа да бидеме онакви какви што сме - изјавила Мери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
