Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.
„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.
Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото.
Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.
МИА
Ново на Сител
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
-

Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
-

Претрес во Кочани, кај 21-годишна девојка пронајдени три видови на дрога
-

Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата
-

Турската полиција приведе 83 лица, блокираше 940 сметки и затвори 93 групи поради објави за пукањата во Кахраманмараш и Шанлиурфа
-

Инфантино: Играчите на Иран сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката
-

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата
-

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ
